Австрија нема да се повлече од Северен тек и покрај американските закани

Австриската нафтена компанија ОМВ нема да се повлече од проектот на рускиот гасовод Северен тек 2 и покрај американските закани со санкции, изјави денес австрискиот претседател Александар Ван дер Белен на состанокот со рускиот колега Владимир Путин, кој го поздрави руско-австрискиот трговски раст поголем од 40 проценти во година дена.

„Верувам дека ОМВ нема ни најмала намера да излезе од Северен тек 2“, рече Ван дер Белен на прес-конференцијата емитувана на телевизија.

Северен тек 2, кој се гради е проширување на гасоводот со кој рускиот природен гас директно се транспортира до Германија под Балтичко Море.

САД сметаат дека тој проект ја поткопува енергетската безбедност на Европската унија, а Украина тврди дека гасоводот со кој Русија ги заобиколува соседните транзитни земји ги поткопува напорите на ЕУ да извршат притисок на Русија да се стави крај на конфликтот во источна Украина.

Трговијата меѓу Русија и Австрија минатата година се зголеми за 42 отсто, изјави Путин, според преписот од состанокот објавен од Кремљ.

Австрија е една од неколкуте земји-членки на ЕУ, која во последниве години одржа традиционално пријателски односи со Русија, и покрај кризата во Украина.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе