Австрија ја забрани исламската марама во основните училишта

Авсриските пратеници го одобрија нацрт законот предложен од коалициската влада на десницата и крајната десница со која се забранува носењето марама на главата во основните училишта.

За да се заштити од обвинувања за дискриминација на муслиманите, текстот забранува „каква било облека со идеолошки или верски ознаки која ја покрива главата“.

Но членовите на владејачката коалиција, конзервативците од ОВП на канцеларот Себастијан Курц и крајно десничарската ФПО јасно кажаа дека законот цели на исламската марама.

Владата истакна дека покривката за глава која ја носат момчињата сики, и еврејската капа кипа, нема да бидат забранети.

Портпаролот на ФПО за образование Венделин Мелцер кажа дека законот е „сигнал против политичкиот ислам“, а пратеникот на ОВП Рудолф Ташер истакна дека законот е неопходен за девојчињата „да не се држат во ропска покорност“.

Здружението на австриските муслимани ИГГО го нарече нацрт законот „срамен“ и „тактика на диверзија“, истакнувајќи дека марама во основните училиша носат многу мал број девојчиња.

Речиси сите опозициски пратеници гласаа против текстот на законот, а некои ја обвинија владата дека сака да ги полни насловните страници на весниците наместо да работи за доброто на децата.

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе