Првпат по Втората светска војна

Австрија испрати војници на своите граници

Австрија почна да распоредува припадници на воените резервисти на своите граници за да ѝ помагаат на полицијата.

EPA-EFE/LUKAS BARTH-TUTTAS

Резервистите веќе ги презеле своите задачи на границата со Словенија, јавуваат словенечките медиуми повикувајќи се на извори од Австрија и додаваат дека ова е првпат по Втората светска војна во чувањето на границите да е вклучена војската.

Оваа мерка Австрија ја презема поради ситуацијата со пандемијата на коронавирусот и нелегалните миграции.

Резервистите на полицијата ќе ѝ помагаат и на границите со Словачка и со Унгарија, и тоа во спроведување на безбедносните задачи во областите во кои пристигнуваат емигранти или постои ризик од ширење на заразата со коронавирусот.

Резервната војска би требало да биде распоредна на теренот, во зависност од развојот на ситуацијата, околу два месеци, наведуваат словенечките медиуми.

Дали резервистите и по тие два месеци ќе продолжат да ги надгледуваат границите ќе зависи од развојот на ситуацијата со пандемијата, порача министерката за одбрана на Австрија Клаудија Танер.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/LUKAS BARTH-TUTTAS

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе

Откако не успеа во приказот на Мицкоски како екстензија на Груевски и на опозицијата како „анти-западна“, со изјавите неделава Заев покажува дека негов рецепт за изборна победа е само што помала излезност без учество на опозицијата.

повеќе