„Израел треба да се брани од тие напади“

Австрија го крена израелското знаме на државните објекти во знак на солидарност

Австрија денес на државните објекти го крена израелското знаме во знак на „солидарност поради нападите“ извршени врз израелска територија од појасот Газа од страна на „палестински Хамас и други терористички групи“.

EPA-EFE

„Најцврсто ги осудувам нападите врз Израел од појасот Газа“, кажа австрискиот канцелар Себастијан Курц во изјава која ја пренесе Франс прес.

„Израел треба да се брани од тие напади. Во израз на нашата солидарност го кренавме израелското знаме“ на зградата на владата и министерството за надворешни работи, кажа тој.

Австрискиот министер за надворешни работи Александер Шаленберг кажа дека „ништо не го оправдува“ тоа што „Хамас и други терористички групи“ досега испукале над илјада ракети од појасот Газа врз Израел, и истакна дека Австрија цврсто ја поддржува безбедноста на Израел.

Австриското обвинителство отвори истрага по антисемитските изјави за време на демонстрациите за поддршка на Палестинците во средата во Виена.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе