Австрија би можела да воведе карантин за невакцинираните

Австрискиот канцелар Александар Шаленберг најави дека невакцинираните луѓе во Австрија може да се соочат со нови мерки, пренесува АП.

Фото: ЕПА

Веста дојде по синоќешната средба меѓу Шаленберг и лидерите на државно ниво на која разговарале за нивниот одговор на брзиот пораст на бројот на случаите.

„Ние сме на чекор да влеземе во пандемија на незаштитените и невакцинираните“, рече новиот австриски канцелар Александар Шаленберг по средбата со премиерите на сојузните покрини доцна синоќа.

Шаленберг најави дека доколку бројот на пациенти со ковид во одделенијата за интензивна нега достигне 500, односно 25 отсто од вкупниот капацитет на одделенијата за интензивна нега во земјата, влезот во објектите како ресторани и хотели ќе биде ограничен и на оние кои биле вакцинирани или оние кои ја преживеале инфекцијата со коронавирус.

Доколку бројот на пациенти на интензивна нега достигне 600 или 30 отсто од оптоварувањето на капацитетот на интензивна нега, ќе се воведе најстрог режим за невакцинираните, односно карантин. Тогаш невакцинираните ќе можат да излегуваат на улица само во исклучителни случаи како одење на работа, купување основни намирници или ако треба да се грижат за блиска личност.

„Се надевам дека оваа мерка ќе испрати сигнал до оние кои се колебаат, а кои ги има сеуште премногу“, рече Шаленберг.

Детали за одлуката ќе бидат објавени во наредните денови.

Во Австрија, бројот на нововакцинирани е значително намален во последните недели.

Партијата Луѓе, слободи, основни права (МФГ), која обединува скептици во вакцината против ковид-19 на неодамнешните избори во Горна Австрија, освои шест проценти од гласовите и влезе во покраинскиот парламент.

Околу 65,4% од вкупното население примило барем една доза од вакцината, а 62,2% се целосно вакцинирани.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе