Австриец осомничен дека во Загреб си ги убил трите деца, му се закануваат 50 години затвор (ВИДЕО)

Харалд Копиц (56), Австриец од Виена кој живее и работи во Загреб, ноќеска ги убил своите три деца.

EPA-EFE

Се сомнева дека ги задушил близнаците стари седум години и синот од четири години.

Потоа објавил порака на социјалната мрежа Фејсбук, па се обидел да се убие со труење.

Хрватските медиуми јавуваат дека тој за ова би можел да добие 50 години затвор.

Полицијата за можен обид за самоубиство ја информирал негов пријател, кој ја видел прошталната порака на Фејсбук. Кога полицијата стигнала на местото на злосторството, ги нашла Копиц и трите мртви деца.

Тој е осомничен за три кривични дела тешко убиство. За кривичното дело тешко убиство е предвидена затворска казна од најмногу 40 години. Бидејќи станува збор за три тешки убиства, ако вкупниот број казни е поголем од 40 години, може да се изрече казна од вкупно 50 години затвор. Тоа е воедно и максималната можна затворска казна во Хрватска.

Мајката на убиените деца, четиригодишно момче и седумгодишни близнаци – момче и девојче, со брза помош била префрлена во болница во Дубровник. Како што јавува Јутарњи лист, жената била во тешка психичка состојба па ѝ била пружена психијатриска помош.

По стабилизирањето со лекови на мајката ѝ била понудена хоспитализација, но таа решила да замине во Неум од каде е родум и каде престојувала.

Лекарите изјавиле дека нејзината состојба не била таква да бара присилна хоспитализација.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе