Австралиски војници закачиле нацистичко знаме за време на операција во Авганистан (ФОТО+ВИДЕО)

Австралиски војници истакнале нацистичко знаме за време на една од операциите во Авганистан, што војската тогаш го оценила како „лоша шега“, а премиерот Малком Турнбул како потег кој е „целосно неприфатлив“.

Австралиската телевизија Еј-би-си објави фотографија од инцидентот кој се случил уште во 2007, пренесувајќи ги тврдењата на воен извор кој кажал дека станувало збор за „лоша шега“ а не за неонацистички чин.

„Знамето кратко се веело на едно возило на австралиската војска во 2007. Командантот веднаш ја отстранил“, објасни австралиското министерство за одбрана.

„Знамето беше отстрането, а одговорните казнети“, кажа премиерот.

Австралиската војска е присутна во Авганистан од 2001. Во 2007, кога се случил инцидентот, биле распоредени околу 900 австралиски војници.

Епизодата е објавена токму во време кога се зборува за многу контроверзното однесување на австралиските војници во Авганистан, каде сѐ уште ги има околу 300.

Елитните австралиски единици се обвинети за воени злосторства во таен документ до кој месецов дојдоа австралиските медиуми. За обвинувањата е отворена истрага.

Новинарите на хрватски ТРИС се приклучија во патувачкиот новинарски карван до земјата без име.

повеќе

Лидерството на опозициската ВМРО-ДПМНЕ мора да излезе јавно, на прес конференција, заедно со сите пратеници, и да објават прекин на секакво понатамошно учество во дискусија на собраниската седница.

повеќе

Според Агенцијата за вработување, најмногу невработени има меѓу дипломираните правници, економисти, професори по одделенска настава на македонски и албански јазик и социјални работници. 

повеќе