Австралиски премиер: Знам дека Французите се разочарани, но ние ги штитиме нашите интереси

Австралискиот премиер Скот Морисон изјави дека го разбира разочарувањето на Франција бидејќи Канбера го откажа договорот за купување подморници во корист на сојузот со САД и Велика Британија, но нагласи дека Австралија треба да ги заштити своите интереси.

Фото: ЕПА

„Се разбира, тоа е големо разочарување за француската влада и јас го разбирам тоа. Меѓутоа, Австралија како и секоја друга суверена држава мора секогаш да носи одлуки што се во наш суверен национален одбранбен интерес“, рече Морисон на денешната прес-конференција во Сиднеј.

Австралија, Британија и САД во средата објавија формирање трилатерален безбедносен сојуз АУКУС заради зајакнување на одбранбената соработка во Индо-Пацификот, која предвидува флота од нуклеарни подморници што Австралија ќе ги изгради со помош на Соединетите Држави.

Поради таа одлука, Канбера се откажа од договор вреден 40 милијарди долари со француска компанија која требаше да изгради флота од подморници, на што Париз жестоко реагираше и ги повлече своите амбасадори.

Лицемерие, презир и лаги се зборовите со кои францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан ја опиша сериозната криза на неговата земја со САД и Австралија, која го откажа мега-договорот за француските подморници и избра да гради нуклеарни, а регионот стравува дека тоа може да поттикне трка во вооружувањето.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе