Австралиски политичар тврди дека муслиманите се одговорни за нападот врз џамиите во Нов Зеланд

Масакрот во џамиите во Нов Зеланд е тема на денот во светот. 28-годишниот Австралиец Брентон Тарант упадна во две џамии и со автоматско оружје уби најмалку 49 луѓе.

Од целиот свет пристигнуваат пораки на сочувство до Нов Зеланд, но сенаторот на австралиската сојузна држава Квинсленд, Фрејзер Енинг, за масакрот ги обвини муслиманите.

Енинг го осуди колежот, но потоа изјави дека нападот го истакнува стравот од муслиманите кој расте во Австралија и Нов Зеланд.

„Вистинската причина за крвопролевањето на улиците на Нов Зеланд денес е емиграциската програма коај на муслиманските фанатици им дозволи да се доселат на Нов Зеланд“, изјави 69-годишниот сенатор во соопштение.

„Нека ни биде јасно, иако муслиманите можеби се жртвите денес, обично тие се извршителите. Низ светот муслиманите убиваат луѓе во името на својата вера во индустриски размери“, додаде Енинг.

Тој го спореди исламот со фашизмот и смета дека иако „следбениците на таа дивјачка религија не се убијците во овој случај, тоа не ги прави безгрешни“.

На крајот на своето соопштение Енинг ја цитира Библијата. „Кој се фаќа за меч, од меч и ќе загине“, заклучи Енинг додавајќи дека муслиманите не можат да бидат изненадени ако некој реши да им врати со иста мера.

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе

Сè повеќе се зборува за диверзификација на приходите, наместо фаворизирање само еден извор на финансирање.

повеќе