Австралиска политичарка го пријави сопствениот маж во полиција поради детска порнографија (ВИДЕО)

Австралиската политичарка Рејчел Карлинг Џенкинс ја шокираше јавноста кога објави дека на компјутерот на својот сопруг нашла детска порнографија.

Таа кажа дека многумина ја критикувале поради тоа што во парламентот објавила дека сопругот го пријавила во полиција.

„На многу луѓе им беше чудно што веднаш решив гласно да зборувам за тоа и да пријавам во полиција“, кажа пратеничката на австралиската конзервативна партија.

Таа кажа дека тие можеби мислеле дека треба да молчи и да се обиде да му помогне.

„Но, откако се соземав по хистеријата што ме обзема тој ден, можев само да мислам на тие мали девојчиња и да се обидам да им помогнам. Преку такви гадости не можам да поминам“, кажа Џенкинс.

Од друга страна, имало голем број и од оние што ѝ се заблагодариле бидејќи им помогнала и тие да проговорат за слични ситуации во кои се нашле.

„Многумина ми се заблагодарија бидејќи добиле сила и тие да зборуваат за тоа“, кажа пратеничката.

Во моментот кога ја открила детската порнографија во компјутерот на сопругот со неа бил и нејзиниот син, од кого побарала помош да влезе во уредот, бидејќи забележала дека сопругот чудно се однесува.

„Се чувствував ужасно, плачев, врескав. Му беше ужасно и на мојот син, тој беше гневен“, кажа Џенкинс.

Таа не разговарала со мажот, туку веднаш го пријавила во полиција.

„Нешто ми се вклучи во главата и помислив: „Тоа е тоа“. Мојот брак заврши во моментот кога ги видов фотографиите“, кажа таа.

Еден проблем кај Трамп е тоа што му е опсесија да изгледа „силен".

повеќе

Меѓу најпосетените места во градот сѐ уште на прво место и меѓу главните мотиви поради кои доаѓаат туристите во Крушево е вечното почивалиште на Тоше Проески, спомен куќата изградена во чест на него, Манастирот Св. Преображение и многу други.

повеќе

„Москва се труди да протурка слика за себе како благонаклонет партнер и заштитник на сувереноста и на православното христијанство антитеза на Западот што 'цело време се меша таму кај што не му е местото'.

повеќе