Ковид-19

Австралија пријави случај на повторна зараза, „повеќе од претпазливост отколку од докази“

Таквата класификација повеќе се должи на „голема претпазливост“ отколку на потврдени докази.

Фото: ЕПА

Австралиските власти пријавија редок случај на ковид-19 во Мелбурн, во државата Викторија, во кој станува збор за лице што било позитивно тестирано и во јули.

Дан Ендрус, премиерот на државата Викторија, која беше најтешко погодена од коронавирусот во земјата, рече дека стручниот совет одлучил случајот да го означи како повторна инфекција, а не како остатоци од вирусот од јули.

Тој рече дека таквата класификација повеќе се должи на „голема претпазливост“ отколку на потврдени докази. Ендрус додаде дека очекува да се изврши дополнително тестирање на тој случај со цел да се добијат конечните резултати.

Мелбурн е во карантин од почетокот на јули, но ограничувањата во тој град, втор по големина во Австралија, се намалуваат оваа недела, бидејќи се намали дневниот број на новоинфицирани.

Денес во државата Викторија се пријавени три нови случаи на инфекција со коронавирусот. Пикот на вториот бран во таа земја беше во почетокот на август, кога бројот на новозаразени лица достигна 725 на ден.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Како што тргнало, на крај, кога ќе го оствариме сонот и конечно ќе влеземе во ЕУ, ќе бидеме нација X, со јазик Y, со националност Z? Кој ќе се радува на тоа?

повеќе

Зошто да не му веруваме на лидерот кој е на чело на колоната запатена кон ЕУ?

повеќе

Логиката е кога веќе се успеа со Преспанскиот договор, кога веќе отстапката е потпишана, зошто да не се направи тоа и со Бугарија.

повеќе