Австралија ќе плати 830 милиони долари за откажаниот договор за француски подморници

Премиерот Aнтони Албанис ќе отпатува за Париз со цел помирување со Емануел Макрон, откако Французите се согласија на пониско од очекуваното решение за откажаниот договор вреден 90 милијарди долари за 12 француски подморници.

Фото: ЕПА

Австралија ќе плати 830 милиони долари на францускиот бродоградител Навал Груп чекор што Албанис се надева дека дека ќе ги поправи односите со Франција по откажаниот договор што сериозно ги наруши односите меѓу двете земји, пренесе Сиднеј морнинг хералд.

Албанис рече дека има намера да има „искрен однос со Франција, заснован на интегритет и взаемно почитување“, а финализирањето на договорот ќе им овозможи на двете земји да ги ресетираат „апсолутно виталните“ односи.

„Франција е клучен партнер за Австралија. Делиме историска поврзаност што потекнува од Првата светска војна и делиме заеднички интереси во стабилен Индо-Пацифички регион бидејќи Франција е, се разбира, Индо-Пацифичка нација“.

„Со нетрпение очекувам да ја искористам поканата на претседателот Макрон да го посетам Париз што е можно поскоро и ќе објавиме дополнително за датумот кога ќе се реализира“.

Шокантната вест минатиот септември дека Австралија се потпишала на пактот АУКУС со САД и Обединетото Кралство за набавка на осум подморници на нуклеарен погон го налути Макрон кој славно изјави „Не мислам, знам“ дека Скот Морисон лажеше дека ќе го исполни договорот за француските подморници.

Во саботата, новиот француски министер за одбрана Себастиен Лекорну ја поздрави можноста за подобрување на односите по соборувањето на владата на Морисон. Тој требаше да се сретне со австралискиот колега Ричард Марлс на маргините на одбранбениот самит Дијалог Шангри-Ла, кој викендов се одржува во Сингапур.

„Франција се гордее со тоа што е доверлива и го исполнува дадениот збор. Дадениот збор ни е многу важен. Вреден е“, рече 36-годишниот Лекорну на Дијалогот Шангри-Ла во саботата. „Но, историјата ни кажува дека млади Австралијци дошле да умрат на француска почва во Првата светска војна и ние нема да го заборавиме тоа“.

„Има подеми и падови во сите односи меѓу земјите, но кога се работи за вистинска драма, Австралија беше таму. Да не ја заборавиме историјата“, додаде тој.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Потписниците на нотарските изјави дека нема да гласаат за измените на Уставот се подложни на промени за материјално благо.

 

повеќе

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе