На 80 отсто вакцинирани

Австралија ја укинува забраната за патување во странство

Австралија ќе ја укине забраната за патување во странство без дозвола за целосно вакцинираните граѓани, додека границите на државата би требало да бидат отворени за квалификуваните работници и меѓународните студенти до крајот на годината, соопшти австралиската влада.

EPA-EFE

„Повеќе од 18 месеци по затворањето на меѓународните граници во Австралија, целосно вакцинираните граѓани во иднина нема да мора да бараат изземање за да ја напуштат земјата“, се наведува во заедничкото соопштение на министерството за здравје и внатрешни работи.

Ова е објавено во момент кога стапката на целосно вакцинирани возрасни со по две дози вакцина се приближува до 80 отсто во земјата.

„Пред крајот на годината предвидуваме да примиме квалификувани работници и меѓународни студенти кои се целосно вакцинирани“, кажа министерката за внатрешни работи на Австралија Карен Ендрјус.

Премиерот на Австралија Скот Морисон кажа дека државата е „многу блиску“ да објави отворање на реципрочни патувања со Сингапур, кој во вторникот објави дека Австралијците повеќе не мора да одат во карантин по пристигнувањето.

Австралија на 20 март минатата година воведе гранични рестрикции меѓу најстрогите во светот, како одговор на пандемијата на коронавирусот.

Во текот на 600 дена бројни меѓународни линии беа суспендирани и целосно беа намалени патувањата во странство.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе