Австралија изврши реконструкција на владата по скандалот со сексуално вознемирување

Австралискиот премиер Скот Морисон најави реконструкција на владата во понеделникот по низата скандали со сексуално вознемирување и дискриминација што влијаеа на пад на неговиот рејтинг.

Фото: ЕПА

Конзервативниот премиер е под зголемен притисок поради начинот на кој пристапи кон неколку афери, што предизвика расправа за сексуално вознемирување и дискриминација.

Питер Датон ќе стане министер за одбрана наместо Линда Рејнолдс, а Микелија Кеш станува нов јавен обвинител наместо Кристијан Портер.

Рејнолдс и Портер ќе бидат поставени на пониски позиции.

Способноста на Портер да биде државен обвинител е доведена во прашање откако тој најави тужба за клевета против австралиската мрежа Еј-би-си во врска со приказна за силување од 1988 година.

Портер не бил експлицитно именуван, но тој ги негира обвинувањата дека силувал 16-годишна девојка во 1988 година, додека обајцата биле ученици.

Во реконструираната влада, Портер ќе стане министер за индустрија, наука и технологија.

Рејнолдс била изложена на напади откако поранешната приправничка на Либералната партија Бретани Хигинс, која изјави дека била силувана од колега во Парламентот во 2019 година, ја нарече „лажлива крава“.

Рејнолдс подоцна се оправдувала, а во моментов е на боледување и ќе ја преземе новата должност кога ќе се врати на работа.

Анкетата објавена од дневникот Австралиан во понеделникот покажува дека поддршката на јавноста за Морисон паднала од 62 на 55 проценти за само две недели.

Таква ниска популарност имал во 2019 година, кога летувал на Хаваи, додека во Австралија беснееле масовни пожари.

Австралиската влада нареди независно испитување на условите за работа во парламентот и формирање нови служби за поддршка на персоналот, но активистите бараат систематски промени, не само во политиката, туку и во австралиското општество.

Австралиската влада нареди независна истрага на условите за работа во парламентот и воспостави нови служби за поддршка на персоналот, но активистите бараат систематски промени, не само во политиката, туку и во австралиското општество.

Се проценува дека во средината на март 10.000 протестирале во Мелбурн, и илјадници други во други поголеми градови, вклучувајќи ги Канбера, Сиднеј и Бризбејн.

Движењето Марш за правда бара низа мерки, вклучително и независни истраги за сите случаи на родово базирано насилство, повеќе пари за превенција и спроведување на препораките од националната истрага за сексуално вознемирување на работа од 2020 година.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе

Страшно е да се помисли дека постојат луѓе што со години се распрашуваат, го истражуваат, и го следат животот на граѓаните преку социјалните мрежи и интернетот.

повеќе

Во Македонија моментално има стотици активни стечајни постапки, некои од нив се водат повеќе од 10, па дури 20 години.

повеќе