Австралија има 128 случаи на делта сој коронавирус. Градови во карантин, речиси сè е затворено

Австралиската држава Квинсленд повторно воведе задолжително носење маски и ги ограничи семејните собири, со засилување на мерката за социјално дистанцирање. Во Квинсленд, се забележани неколку случаи на делта сојот на коронавирусот, поради што властите итно реагираа.

Фото: ЕПА

Во најнаселениот австралиски град Сиднеј за време на викендот е воведен двонеделен карантин, како и во Дарвин во северниот дел на земјата. Според Би-би-си, бројот на инфицирани со делта сојот на коронавирус во Сиднеј порасна на 128, и ова е прв пат во неколку месеци жаришта да се откриени на повеќе локации ширум земјата.

Сега со некоја форма на карантин или рестрикции се опфатени повеќе од 10 милиони Австралијци, односно две петтини од населението.

„Влегуваме во нова фаза на пандемијата“, предупредија австралиските власти.

Премиерката на Нов Јужен Велс рече дека во тој регион се забележани 18 нови случаи на 59.000 тестирани.

„Треба да бидеме подготвени за значително зголемување на бројот на нови случаи сега кога се бориме со новата варијанта“, рече Гладис Бериџиклијан.

Австралискиот совет за национална безбедност треба да одржи итен состанок во понеделник, поради зголемениот број на новозаразени во целата земја.

Во Квинсленд, властите ги повикаа жителите на неколку региони, вклучувајќи го и главниот град на таа држава Бризбејн, да носат маски, дури и пред регулативата да стапи во сила на полноќ во понеделникот.

Сиднеј во неделата влезе во двонеделно комплетно затворање, со цел да се сузбие ширењето на позаразната варијанта на вирусот, делта варијантата, а во Западна Австралија е воведена обврската за носење маски во затворен простор и на три дена се ограничени дружењета во куќи и собири на отворено во главниот град Перт.

Премиерката на Нов Јужен Велс Гладис Береџиклијан рече дека граѓаните во цел Сиднеј со околните подрачја Сините планини, Централниот брег и Волонгонг ќе мора да останат во своите домови до 9 јули, со што се опфатени околу 5 милиони жители.

„Кога станува збор за позаразна варијанта како делта, тридневно затворање не значи ништо - ако тоа го спроведуваме, да го направиме како што треба“, рече таа.

„Мораме да се подготвиме за можен голем број на случаи во наредните денови", предупреди Береџиклијан.

Австралија досега беше многу поуспешна од другите развиени земји во спречувањето на ширењето на коронавирусот и до сега забележа само 30.450 случаи и 910 смртни случаи.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе