Австралија го менува законот, Фејсбук ја враќа медиумската содржина

Австралиската влада објави денес дека Фејсбук прифатил укинување на забраната за споделување вести на неговата платформа во таа земја по постигнатиот договор за законот врз основа на кој дигиталните гиганти ќе плаќаат за информативните содржини.

EPA-EFE

Министерот за финансии Џош Фрајденберг и Фејсбук потврдија во одвоени соопштенија дека постигнале договор за измените на предложениот закон врз основа на кој Фејсбук и Гугл би плаќале за вестите кои се објавуваат на нивните мрежи.

Фејсбук минатата недела на австралиските корисници им го блокираше пристапот и споделувањето вести кога Претставничкиот дом во Австралија го усвои нацрт законот за плаќање на тие содржини. Горниот дом на австралискиот парламент, Сенатот, требаше денес да расправа за овој предлог.

„Фејсбук ја информираше владата дека планира да ги врати австралиските страници со вести во следните денови“, изјавија австралиските министри за финансии и комуникации во соопштение.

Иако Австралија истакнуваше дека нема да го менува законот, по низа разговори меѓу министрите за финансии Џош Фрајденберг и шефот на Фејсбук Марк Зукерберг, за време на викендот, беше постигнат договор.

„Задоволни сме што австралиската влада се согласи на бројни промени и гаранции кои се бават со клучните прашања во врска со дозволувањето на комерцијални договори кои ја признаваат вредноста на нашата платформа во замена за вредноста која ја добиваме од медиумските куќи“, наведе Фејсбук во онлајн изјава.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

 Еврообврзница во услови на најголемата светска економска криза за репрограмирање на долгот и буџетска поддршка.

повеќе

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе