Австралија бара од ЕУ да ѝ ги испрати нарачаните три милиони дози вакцини од Астразенека

Австралија денеска објави дека ќе побара од Европската Унија да го деблокира извозот на повеќе од три милиони дози од вакцината Астразенека, тестирајќи го тврдењето на Брисел дека не ја блокира испораката на вакцини во таа земја.

Фото: ЕПА

Европската Унија во вторникот го оспори тврдењето дека ја блокира испораката на вакцини во Австралија, која драматично заостанува во планот за вакцинирање, додавајќи дека не е одговорна за фактот дека Астразенека не ги почитува своите договорени обврски кон другите земји.

Австралискиот премиер Скот Морисон изјави дека ЕУ побарала од Австралија да ги повлече барањата за дозвола за извоз на вакцината и дека писмата со кои се бара испорака на вакцината остануваат неодговорени.

Морисон рече дека доколку ЕУ сега покаже волја да ја пушти испораката на вакцините, тој повторно ќе побара да се деблокира испораката на 3,1 милиони дози во Австралија. Според планот за испорака, тие 3,1 милиони дози вакцина требаше да стигнат во Австралија кон крајот на март.

„Очигледно ние ги сакаме тие три милиони дози“, изјави Морисон пред новинарите во Канбера.

Морисон објави дека Австралија, доколку ЕУ дозволи извоз на вакцини, ќе ѝ донира еден милион дози на Папуа Нова Гвинеја, која се бори со епидемијата и растечкиот број заразени лица.

Европската Унија минатиот месец, по барање на Италија, го блокираше доставувањето на 250.000 дози од вакцината Астразенека во Австралија, како причина наведувајќи го недостигот од вакцини во Европа.

Подоцна го одби барањето на Австралија да ја преиспита одлуката за блокада, прво вакво одбивање откако ЕУ кон крајот на јануари воспостави механизам за контрола на протекот на вакцини.

Спорот околу набавката на вакцините меѓу Австралија и ЕУ се заостри и поради огромниот недостиг од вакцината на Астразенека низ целата Унија и влијанието што би го имал извозот на која било вакцина врз земјите што исто така нарачале дози.

Австралиската влада за неуспехот на планот за вакцинација во земјата го обвини доцнењето во испораката на 3,1 милиони дози вакцина Астразенека, кои требаше да ѝ бидат доставени кон крајот на март.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе