Австралиец се борел со една од најсмртоносните змии во светот додека возел на автопат (ВИДЕО)

Кога сообраќаен полицаец запрел пикап на австралиски автопат, тој не очекувал во него да најде една од најсмртоносните змии во светот.

Возачот, 27-годишен маж, идентификуван само како „Џими“ во полициското соопштение објавено во вторникот, се движел по автопат во државата Квинсленд со 100 километри на час кога го забележал влекачот во возилото.

Тоа било источна кафеава змија - многу отровна и одговорна за повеќето смртни случаи од змија во Австралија.

„Како што ги движев нозете... таа почна да се витка околу мене. Нејзината глава тукушто почна да удира во седиштето, меѓу нозете“, вели Џими во соопштението.

Потоа тој го употребил сигурносниот појас и нож за да се бори против неа - додека се обидувал да го запре автомобилот.

Џими во хаосот помислил дека е каснат и се плашел дека ќе умре. Каснувањата од источната кафеава змија дејствуваат брзо и фатално, а отровот може да предизвика парализа и крвавење во мозокот.

Така, Џими ја убил змијата, дал гас и се упатил кон најблиската болница. Тогаш полицаецот го забележал неговиот автомобил, кој се движел со 123 километри на час, и го запрел.

Источната кафеава змија што ја убил Џими, ја фотографирал во задниот дел на камионот во Квинсленд, Австралија.

„Позади во камионот има кафеава змија или тигреста змија, мислам дека ме касна, беше во автомобилот со мене“, може да се слушне Џими како зборува во видеото објавено од полицијата во вторникот. „Види како ми чука срцето, другар.“

Полицаецот ја видел мртвата змија како лежи во задниот дел на камионот и повикал помош. Кога пристигнале болничарите, тие утврдиле дека Џими не бил каснат, но страда од шок.

„Беше страшно, никогаш не сум бил толку среќен што гледам полициски светла“, вели Џими во видеото.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе