Според истражителите

Авионската несреќа на А-148 може да се случила поради дефект на индикаторот за брзината

Уривањето на патничкиот авион Ан-148 во московскиот регион може да е предизвикана од неточни податоци за брзината на летот поради замрзнување, соопшти Меѓудржавниот авијациски комитет (ИАК) по дешифрирањето на рекордерот на податоците за летот.

Денеска ИАК објави дека го завршил декодирањето на информациите содржани во една од црните кутии - снимачот на податоците за летот - на урнатиот авион. Сè уште се работи на другата црна кутија, снимачот на глас.

Првичната анализа сугерира дека „неточните податоци за брзината на летање на индикаторите на пилотите, кои, пак, се поврзани со замрзнувањето на пито-статичкиот (сензорски) систем“ довеле до „посебна ситуација“ со авионот, според соопштението на ИАК.

Авионот на „Саратов ерлајнс“ со 65 патници и шест члена на екипажот се урна по полетувањето кај Москва во неделата. Никој не ја преживеа несреќата.

Владите постојано ги повторуваат истите грешки. Тие го сметаат долгот како предност за долгорочен раст, наместо она што тој всушност е: тежок товар и извор на масивни долгорочни ризици.

повеќе

Гостиварскиот градоначалник од сограѓаните побара да бидат потолерантни кон однесувањето на печалбарите.

повеќе

Дента кога македонската делегација беше на пат за Нивици, Заев со себе требаше да понесе еден венец.

повеќе