Принудно слетување

Авионска несреќа во Украина: Загинаа пет лица (ФОТО+ВИДЕО)

Авионот, наводно, останал без гориво, а истрагата за инцидентот е во тек.

Пет лица загинаа кога транспортниот авион Антонов АН-12 принудно слета во Украина.

Според првичните информации, авионот летал од Шпанија за Турција и превезувал стока.

Авионот АН-12 морал итно да слета во близина на украинскиот град Лавов, откако му снемало гориво, соопшти украинското Министерство за инфраструктура.

Украинскиот министер Владислав Криклиј изјави дека пет лица загинале при присилното слетување на авионот во близина на аеродромот.

Во соопштението од брзата помош се вели дека авионот од советско производство со четири мотори исчезнал од радарот утрово во 6.10 часот, на 13,7 километри од аеродромот.

Еден член на екипажот на авионот повикал брза помош 19 минути подоцна, велејќи дека авионот принудно слетал километар и половина од аеродромот во Лавов. Во авионот имало седум членови на екипажот.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе