Авионска несреќа во Пакистан, 97 загинати двајца преживеани (ФОТО+ВИДЕО)

Пакистанските власти соопштија денес дека загинаа 97 луѓе од пакистанскиот авион што се урна во јужниот град Карачи, а пронајдени се само двајца преживеани.

Фото: ЕПА

„Сега е потврдено дека 97 луѓе од авионот загинаа“, рече Меран Јусуф, портпаролка на Министерството за здравство на покраината пренесува германската агенција ДПА.

Деведесет и еден патник и осум членови на екипажот се наоѓале на авионот Ербас А320, кој во петокот се урна во тесна улица во населено подрачје на Карачи непосредно пред да слета на меѓународниот аеродром Џина, потврди во саботата портпаролот на пакистанската авиокомпанија. Со ова е корегиран претходно објавениот број на луѓе на летот ПK 8303 и потврдено е дека се работи за вкупно 99 лица во авионот, пренесува АФП.

Според портпаролката, телата на патниците и екипажот биле пренесени во две болници, а досега се идентификувани 19 од нив.

Припадниците на армијата и службите за итни случаи ја минале ноќта користејќи тешка машинерија и хеликоптери за расчистување на областа, отстранувајќи ги урнатините на куќите и остатоците од авионот.

Пронаоѓањето на двајца преживеани, кои биле пронајдени уште на самиот почеток на спасувачката операција, давало надеж дека евентуално може да има повеќе преживеани. Еден од преживеаните е претседател на банката Пенџаб, една од најголемите пакистански банки, изјави лидерот на авиокомпанијата. Производителот на авиони Ербас соопшти дека обезбедува техничка помош за Пакистан за истрагата на несреќата.

Шефот на авиокомпанијата Пакистан Интернешнл ерлајнс (ПИА), Аршад Малик, за чија компанија летал авионот на линијата ПК 8303, вети дека ќе се спроведе транспарентна истрага со Ербас за тоа што може да биде причината за несреќата.

Авионот на Ербас на летот ПК 8303 летал од градот Лахоре, на североистокот на земјата кон Карачи, на југ и се урнал во станбена зграда додека се приближувал до аеродромот.

Ројтерс претходно објави, повикувајќи се на официјален претставник на воздушниот сообраќај, дека се чини дека авионот не успеал да ги спушти тркалата при слетувањето, но сè уште е рано да се зборува за вистинската причина за несреќата.

Неколку светски лидери, вклучувајќи го и индискиот премиер Нарендра Моди и авганистанскиот претседател Ашраф Гани, изразија сочувство по веста за несреќата.

Пакистан на 15 мај ги продолжи домашните летови по карантинот поради коронавирусот. Меѓународните линии се затворени до крајот на мај.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе