Авионот кој се урна денес бил единствениот активен МиГ-21 на српската војска

Авион МиГ-21 на војската на Србија се урна денес наутро околу 9 часот во реонот на селото Брасина кај Мали Зворник.

EPA-EFE

Како што пренесува порталот Танго сикс, станува збор за авион МиГ-21, односно двосед МиГ-21УМ од составот на Военото воздухопловство и противвоздушната одбрана на војската на Србија.

Станува збор за единствениот МиГ-21 кој бил активен во српската војска, двосед (евиденциски број 16185), кој бил ремонтиран во 2016, и кој е најновиот МиГ-21 набавен во декември 1986 година.

По ремонтот добил одобрување дека може да лета до 2026 година, а по ремонтот бил приземјен во 2018 за повторно да почне да лета во мај годинава. СФРЈ за својата војска во периодот од 1962 до 1986 година набавила 261 авион од типот МиГ-21 во повеќе варијанти. Во својата педесет и осумгодишна историја на употреба, МиГ-21 на југословенското и српското небо летал во девет различни варијанти, односно три развојни генерации. Вкупно се набавени 41 МиГ-21 Ф-13, 36 авиони од ПФМ верзијата, 12 извидувачки верзии Р, 25 верзии М, шест верзии МФ, и 91 авион во најнапредната верзија Бис.

За потребите на обуката на пилотите се набавени и двоседи од сите три генерации, од кои последниот се урна денес. Кратко време во Југословенското воено воздухопловство биле користени десетина авиони МиГ-21 на ирачкото воено воздухопловство, кои на крајот на осеумдесеттите години на минатиот век пристигнале на ремонт во Југославија и кои никогаш не му биле вратени на сопственикот поради војните во двете земји.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе