Коронавирус

Авиони среде лет вратени назад, авиокомпаниите масовно ги откажуваат летовите

Авионите на британската нискобуџетна компанија „Џет2“ се вратени од среде лет откако беа откажани летовите кон Шпанија, а Полиш ерлајнс исто така ги прекина летовите од Полска и Унгарија наредниве 10 дена.

Авионите на „Џет2“ упатени кон Шпанија денеска биле вратени назад среде лет откако авиокомпанијата ги откажа сите летови кон земјата поради пандемијата на ковид-19.

Одлуката уследи по наглото зголемување на бројот на заразени во Шпанија и зголемувањето на бројот на починати на 120 лица. Владата во петокот прогласи вонредна состојба и стави 60.000 луѓе во четири града под задолжителен карантин.

„Ова е сложена ситуација што брзо се менува и ние итно ги разгледуваме нашите програми, за да можеме да ги вратиме клиентите назад во Велика Британија. Здравјето и безбедноста на нашите клиенти е наш приоритет број еден и сакаме да им се заблагодариме на нашите клиенти за нивното разбирање“, соопшти авиокомпанијата.

Одлуката на Џет2 дојде откако ЛОТ Полиш ерлајнс соопшти дека од 15 март ги прекинува сите летови од Полска и Унгарија во текот на 10 дена.

Епидемијата на коронавирус има драматичен ефект врз воздушниот сообраќај. „Бритиш ервејс“ му соопшти на својот персонал дека очекува да го намали бројот на работните места и да откаже досега невиден број летови.

Едностраната забрана на Доналд Трамп за САД од Европа се очекува да влијае на 13.500 летови и 4 милиони патници во текот на следните четири недели, тврдат авијатичките аналитичари од ОАГ.

Денешниот биланс од коронавирусот во светски рамки е 147.779 потврдени случаи, 5.539 починати и 71.718 оздравени пациенти.

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе