Авиони на НАТО првпат во мисија на заштита на црногорското небо, пресретнале авион од Хрватска

Авиони на НАТО за првпат учествувале во заштитата на воздушниот простор над Црна Гора, соопшти воениот пакт.

Како што се наведува, авиони на НАТО биле ангажирани откако во Црна Гора влегол цивилен авион што над Хрватска изгубил комуникација со контролата на воздушниот сообраќај.

Во соопштението доставено до црногорските медиуми се наведува дека тој авион во вторникот го пресретнале два авиони „јурофајтер“ на италијанското воено воздухопловство.

Одлуката италијанските авиони да полетаат од италијанската база Џоја дел Коле, околу 20 километри јужно од Бари, ја донел центарот на НАТО за комбинирани воздушни операции во Шпанија.

„Два авиони јурофајтер кои се во состојба на готовност да го заштитат воздушниот простор на НАТО над Италија, Албанија и Црна Гора успешно го пресретнаа авионот само неколку минути подоцна“, се наведува во соопштението на Алијансата.

Се додава дека пилотите направиле визуелна проверка на авионот за да ја исклучат можноста за евентуални незаконски дејства.

Утврдено е дека губењето на комуникацијата се случило поради недоразбирање меѓу цивилната контрола на летање и екипажот на авионот. По воспоставувањето нормален контакт со цивилната контрола, авионот продолжил кон дестинацијата во Египет.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе