Авион со украински затвореници полета кон Киев, во рамки на размената на затвореници меѓу Русија и Украина

Авион со украинските морнари, филмски режисер и други поранешни затвореници, задржани од Москва поради тероризам и други обвиненија, наводно полетал кон Киев, како што е потврдено од официјални лица дека размената е „во тек", пренесе РТ.

„Меѓусебното ослободување на затворениците е сè уште во тек“, се вели од канцеларијата на украинскиот претседател. Портпаролот на Службата за безбедност на Украина, Елена Хитлианскаја, исто така, ги потврди „комплицираните“ разговори за размената на затвореници, но рече дека самата размена сè уште не се случила, пренесе РТ.

Руските и украинските медиуми објавија дека авион со високи украински државници, кои биле задржани од Москва и биле планирани за потенцијална размена, требало да слета во Киев, наводно, во петок наутро. Во пресрет на авионот кон аеродромот Жулијани се упатиле новинарски екипи, а таму биле забележани и некои украински политичари.

Новоименуваниот обвинител на Украина, Раслан Рајабошапка, на Фејсбук ја постираше објавата од еден парламентарец, во која тврди дека размената на затворениците е „завршена“. Сепак, украинските власти подоцна го демантираа ова тврдење.

На објавата, споделена од Рајабошапка, се именувани неколку лица кои, наводно, биле планирани за размена и полетале во Киев. Во нив се вклучени режисерот Олег Сенцов, кој беше осуден на 20 години затвор под обвинение за тероризам и украинските морнари кои беа притворени од страна на Руската крајбрежна стража во ноември под обвинение дека ја прекршиле поморската граница на земјата.

Размената на затворениците беше главната точка на агендата за време на првиот телефонски повик, во јули, помеѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговиот украински колега, Володимир Зеленски. Иако термините и условите за претстојната трампа не беа обелоденети, во тоа време беше соопштено дека ќе го вклучува рускиот новинар Кирил Вишински, шефот на РИА Новости Украина и дваесетина морнари приведени во Керченскиот теснец минатиот ноември.

Новинарот на почетокот од оваа недела беше ослободен од украинскиот затвор, при што неговото ослободување очигледно го отвори патот за ослободување на украинските државјани.

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе