Мираж Ф1

Авион со „португалски пилот“ урнат во Либија од страна на силите на генералот Хафтар (ФОТО+ВИДЕО)

Пилотот на урнатиот воен ловец јужно од Триполи од страна на Либиската национална армија е наводно Португалец кој се бори во Либија како „платеник“, тврдат силите на генералот Калифа Хафтар, а на социјалните мрежи се појавија и фотографии и снимки од заробениот пилот прекриен со крв, јавува Раша тудеј.

На фотографиите објавени на интернет се гледа раскрвавен маж во воена облека без јасни ознаки опколен од војници лојални на Либиската национална армија (ЛНА) на либискиот лидер Калифа Хафтар.

Повикувајќи се на извори од ЛНА, светските агенции објавија дека мажот е „странски државјанин“ од Португалија..

Пилотот наводно бил заробен откако неговиот авион бил погоден над областа Вади ал хира, јужно од либискиот главен град Триполи. Претходно се појавија различни информации за неговата националност, а дел од медиумите тврдеа дека е Италијанец. Медиумската дивизија на ЛНА потоа објави дека станува збор за „португалски платеник“.

Потоа беше објавено и видео во кое се гледа како пилотот ги кажува своите наводни име и националност за време на испрашување. Тој кажува дека се вика „Џими Рис“, додавајќи дека има 29 години и дека е „од Португалија“.

Во извештаите се тврди дека пилотот летал со борбен авион десот мираж Ф1 од француско производство. Либиските воени сили имаа 38 вакви авиони од крајот на 1970-тите навака, а Франција се согласи да ја модернизира застарената флота во 2012 откако НАТО го урна од власта Моамер Гадафи и ја турна земјата во хаосот на граѓанската војна.

Едно современо демократско општество се разликува од тоталитарното токму по тоа што јавната критика е основно полемичко право и должност на медиумите.

повеќе

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе