Индонезиски Боинг 737-500

Авион со 62 лица се урна во морето. Потрагата продолжува, роднините чекаат вести на аеродромот (ВИДЕО)

Екипите за потрага и спасување во саботата навечер со рефлектори ги осветлиле темните води крај брегот на главниот град на Индонезија во потрага по патничкиот авион со 62 патници, кој набргу по полетувањето од Џакарта изгуби контакт со контролата на летање и исчезна од радарот, соопштија официјални лица.

EPA-EFE/MAST IRHAM

Авионот Боинг 737-500 на Сривиџаја Ер, непосредно по полетувањето во 7 часот и 40 минути, најверојатно се срушил во океанот откако брзо изгубил висина. Официјална потврда сè уште се чека.

Во авионот имало 62 лица - 56 патници, од кои седум деца и шест члена на екипажот, објави ТВ Метро. Судбината на патниците и членовите на екипажот сè уште не е позната.

Авионот летал на домашен лет кон Понтијанак на островот Борнео, изјави министерот за транспорт Буди Карја Сумади.

„Загрижени сме поради оваа несреќа“, рече тој на прес-конференција, најавувајќи операција за потрага по авионот.

Заменикот на оперативниот оддел на Националната агенција за потрага и спасување Бамбанг Сурио Аџи изјави дека стравува дека авионот паднал во морето меѓу островот Лаки и Ланканг недалеку од Џакарта.

„Според досега достапните информации, во областа беа пронајдени неколку остатоци за кои се сомневаме дека припаѓале на авионот. Тие веќе се наоѓаат на нашиот брод на кој ќе спроведеме понатамошна истрага“, рече тој.

Војската распореди неколку воени бродови и два хеликоптери Супер Пума во истата област за да помогнат во потрагата, изјави командантот на вооружените сили Хади Тјахајанто.

Податоците на шведскиот интернет сервис Флајт радар 24 покажуваат дека авионот одеднаш, четири минути по полетувањето, ја намалил брзината и изгубил висина.

Градоначалникот на областа каде исчезна авионот за интернет страницата Компас изјави дека локалните рибари ја виделе експлозијата во близина на островот Лаки.

На истата веб-страница се наведува и дека истражниот тим на Министерството за транспорт очигледно пронашле делови од тела.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/MAST IRHAM

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе