Авион со 150 патници се лизна од пистата и излета на улица во Иран (ФОТО+ВИДЕО)

Ирански патнички авион со 150 патници се лизна од пистата и излета на улица во јужниот град Махшар, со тркалата сè уште повлечени и никој не бил повреден, јави Си-ен-ен.

Патниците излегле од авионот на предната врата и од излезот за итни случаи носејќи го својот рачен багаж, како што се гледа од снимките на локалната телевизија.

Директорот на аеродромот изјави дека сите патници безбедно го напуштиле авионот.

Иранската државна телевизија објави дека инцидентот се случил за време на грубото слетување околу 9:30 часот по локално време.

Ова е трет инцидент последниве денови со авиони во Иран, по несреќата на 8 јануари кога беше соборен украински авион при што загинаа сите 176 патници и членови на екипажот.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе