Делта ерлајнс

Авион пропаднал над 9 километри за неколку минути, паника меѓу патниците (ФОТО+ВИДЕО)

Патниците во авион на „Делта ерлајнс“ биле шокирани откако авионот одеднаш „пропаднал“ повеќе од девет километри.

Во текот на летот имало проблеми со притисокот во кабината, соопшти авиокомпанијата, чиј авион на релацијата од Атланта кон Форт Лодердејл бил пренасочен во Тампа, Флорида, каде што безбедно слетал.

Маските за кислород паднале од таванот на авионот и настанал хаос меѓу патниците, изјавил еден од патниците за телевизијата ВСБ.

Една од стјуардесите повеќе пати преку разгласот ги молела луѓето да не паничат, но тоа не помогнало многу. Патниците масовно им пуштале пораки „те сакам“ на своите роднини за време на падот.

Причината за падот сè уште не е позната, но авионот во моментов се испитува.

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе

Откако не успеа во приказот на Мицкоски како екстензија на Груевски и на опозицијата како „анти-западна“, со изјавите неделава Заев покажува дека негов рецепт за изборна победа е само што помала излезност без учество на опозицијата.

повеќе