Авион на Кореа Ер ја промаши пистата при слетување на Филипините (ВИДЕО)

Авион на Кореа Ер ја промаши пистата при слетувањето во лоши временски услови во централниот дел на Филипините, но меѓу 173-те патници никој не е повреден, соопштија властите.

Фото: ЕПА

Инцидентот се случил на островот Мактан во централната покраина Себу доцна во неделата.

Единаесетте членови на екипажот и 162 патници на летот KE631 на Кореа Ер користеле итни лизгалки за да избегаат од оштетениот авион, соопштија официјални лица и авиокомпанијата.

„Сите патници се на безбедно и под надзор на персоналот“, соопшти филипинската управа за цивилно воздухопловство.

Авионот останал заглавен во тревата на крајот од пистата на меѓународниот аеродром Мактан Себу, поради што аеродромот морал да се затвори.

Носот на авионот бил тешко оштетен. Авионот лежел наведнат нанапред на тревната површина, предното тркало не се гледало, а на вратите биле поставени лизгалки за итни случаи, објави новинската агенција Асошиејтед прес.

Откажани се десетици летови до и од покраината Себу, вклучително и оние на главниот авиопревозник Филипини Ерлајнс, кој првично објави повеќе од 50 откажани домашни летови.

Ербасот А330 од Инчеон, Јужна Кореја се обидел да слета двапати пред да ја прелета пистата при третиот обид, се вели во соопштението на Кореа Ер Лајнс.

„Патниците се придружувани до три локални хотели и се организира алтернативен лет“, соопшти авиокомпанијата за летот KE361. „Во моментов ја утврдуваме причината за инцидентот“, се вели во соопштението.

Претседателот на Кореа Ер Ву Ки Хонг објави писмо со извинување во врска со летот на веб-страницата на авиокомпанијата, истакнувајќи дека ќе се спроведе темелна истрага со локалните воздухопловни власти и корејските власти за да се утврди причината.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе