Канада

Авион на канадските воздухопловни сили Сноубирдс се урна на куќа во Британска Колумбија (ВИДЕО)

Авион за обука ЦТ-114 Тутор на канадските Воздухопловни сили Сноубирдс на аеробатскиот тим се урна во куќа во градот Камлопс, Британска Колумбија при што загина припадничка на тимот додека пилотот се здобил со сериозни повреди.

Фото: Твитер

Рутинскиот лет на Сноубирдс во Камлопс во неделата ненадејно тргна наопаку кога еден од авионите изгуби контрола и набрзо се сруши по полетувањето. Видеата снимени од очевидци го покажуваат моментот на инцидентот.

На видеото се гледа дека пилот успеал да се исфрли пред несреќата.

Авионот Сноубирдс бил на турнеја „да ги поздрави Канаѓаните за нивната улога во борбата против ширењето на Ковид-19“, се наведува на веб-страницата на тимот.

Сноубирдс изведуваат акробации за јавноста, слично на британските Црвени стрели или американските Сини ангели.

Несреќата се случила во неделата наутро, кратко време по полетувањето на авионот.

„Со тешки срца објавуваме дека еден член на тимот на ЦФ Сноубирдс почина, а еден се здоби со сериозни повреди“, се вели во твитот на канадското воздухопловство.

Воздухопловните сили подоцна објавија дека повредите на пилотот не се опасни по живот.

Легенда под Главна слика

Фото: Твитер

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе