Авиокомпаниите предлагаат брзо и евтино тестирање на патниците пред летовите

Глобалните авиокомпании денес повикаа патниците пред сите меѓународни летови да бидат тестирани за коронавирус, наместо да бидат во карантин или да бидат изложени на други мерки во земјите во кои пристигнуваат, што превозниците сметаат дека е причина за драстичното намалување на патувањата.

Фото: ЕПА

„Се очекува брзи и поволни тестови, што можат да бидат изведени од немедицински персонал, да бидат достапни за неколку недели, а би требало да се спроведат во согласност со глобално договорените стандарди“, рече лидерот на Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт на брифинг за медиумите.

„Не гледаме никакво алтернативно решение што би било помалку предизвикувачко или поефикасно“, рече Александар де Жунијак.

Погодени од пандемијата, превозниците вршат притисок врз владите да преземат мерки за ублажување на ограничувањата на патувањата бидејќи тие го попречуваат обновувањето на воздушниот сообраќај, а во Европа повторно се засилуваат мерките поради зголемениот број на заразени.

Превозниците ќе настојуваат антигенскиот тест за корона да биде достапен за само 7 долари и да биде поддржан од Меѓународната организација за цивилно воздухопловство, која е задолжена за постојан надзор на воведувањето и спроведувањето на Конвенцијата за меѓународно цивилно воздухопловство.

„Потребен е меѓународен договор со кој би се регулирало резултатите од тестирањето извршено на аеродромот пред поаѓање да бидат прифатени по пристигнувањето на дестинацијата“, рече Де Жунијак.

„Исто така на тој начин ќе се зголеми довербата на патниците во тоа дека секоја личност во авионот е тестирана“, рече тој.

Антигенските тестови се побрзи, но генерално се непрецизни, па поверојатно е дека не откриваат позитивни случаи, за разлика од лабораториските молекуларни дијагностички тестови.

Меѓу компаниите кои ги најавуваат новите тестови, германската дијагностичка компанија Кијаген во септември рече дека планира да започне антигенски тест кој дава резултати во рок од 15 минути и може да се користи на аеродромите и стадионите.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе