Авганистанските талибани ги откажаа мировните преговори со САД

Авганистанските талибани порачаа дека ги откажаа мировните преговори со американските претставници во Катар закажани за оваа недела, поради „разлики во програмата" особено околу учеството на авганистанските официјални лица, како и за можниот прекин на огнот и размена на затвореници.

Дводневните мировни преговори требаше да започнат во среда, изјавија талибанците претходно за Ројтерс, но членовите на таа радикална исламистичка група одбија да им дозволат на „марионетските“ авганистански официјални лица да учествуваат.

Војната во Авганистан е најдолга прекуокеанска војна на САД. Интервенцијата го чинеше Вашингтон до сега речиси трилиони долари и во неа загинаа десетици илјади луѓе.

„Официјалните претставници на САД инсистираа Талибанците да се состанат со авганистанските власти во Катар и двете страни беа против прогласување прекин на огнот во 2019 година“, рече талибански извор за Ројтерс. „Двете страни се согласија да не се состанат во Катар“.

Портпаролот на талибанците, Забихула Муџахид претходно изјави дека двете страни се уште работат на техничките детали и дека не договориле јасна тематика на преговорите.

Американската амбасада во Кабул не одговори веднаш на барањето за коментар за повлекувањето на Талибанците од преговорите.

Преговорите кои ќе беа четврти по ред со американскиот специјален пратеник, Залмај Калилзад ќе вклучуваа повлекување на американските сили, размена на затвореници и укинување на забраната за движење на талибанските лидери, изјави еден од лидерите на талибанците за Ројтерс.

Во дипломатијата како гранка од јавно политичкиот живот професионалните кадри треба да бидат повеќе застапени од политичките.

повеќе

Апелирам до лидерите на партиите да не им „помагаат" на кандидатите.

повеќе

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе