Авганистанскиот претседател избега со 169 милиони долари, тврди амбасадор

Поранешниот претседател „избега со вреќи полни 169 милиони долари додека паѓаше Кабул", изјави авганистанскиот амбасадор во Таџикистан. Бегството на Гани го нарече „предавство на татковината и народот", пренесува Би-би-си.

Фото: ЕПА

Амбасадата на Авганистан во Таџикистан побара од Интерпол да ги приведе Ашраф Гани, Хамдалах Мохиб и Фазал Махмуд Фазли под обвинение за кражба на државни пари за да може средствата да се вратат во Авганистан, објави авганистански Толоњуз повикувајќи се на извори.

Руската амбасада во Кабул во понеделникот соопшти дека Гани избегал од земјата со четири автомобили и хеликоптер полн со пари и дека немајќи место морал да остави дел од парите на пистата, пренесе агенцијата РИА.

Во меѓувреме, новинарот на Би-би-си, Кавун Камуш, го цитираше авганистанскиот амбасадор во Таџикистан, кој рече дека „Ашраф Гани избега со вреќи полни 169 милиони американски долари додека паѓаше Кабул“.

Министерството за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати потврди дека авганистанскиот претседател Ашраф Гани е во таа заливска земја.

„Министерството може да потврди дека ги прими претседателот Гани и неговото семејство од хуманитарни причини", се вели во соопштението.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе

Со само 48% вакцинирано население, недозволиви грешки на стручниот штаб за Ковид-19 и масовни протести против вакцинација, очигледно е дека кампањата за вакцинација во Словенија беше навистина неуспешна. 

повеќе