Обучен од Британците

Авганистански снајперист брутално убиен од талибанците „пред неговото семејство“

Авганистански снајперист, кој претходно работел со британските специјални сили, е брутално убиен од талибански војници, потврди поранешен полковник на британската армија.

Фото: ЕПА

28-годишниот маж, идентификуван само како „Н“, се криел во Кабул кога бунтовниците го пронашле во понеделникот. Авганистанскиот снајперист, кој беше татко на пет деца, потоа бил застрелан и убиен пред очите на неговото семејство.

„Можеше да се предвиди дека тоа ќе се случи за сите оние што останаа без помош. Тој се криеше поради заканата со која се соочи, но го најдоа и беше застрелан повеќе пати, погубен пред очите на неговото семејство“, изјави Еш Александар-Купер, поранешен полковник на британската армија, за Тајмс.

„Н“ бил член на елитна авганистанска единица обучена од Британија позната како ЦФ333, каде што служел како снајперист. Тој исто така беше на листата од 700 Авганистанци што сакаа да мигрираат во Велика Британија откако талибанците го зазедоа Авганистан, но беа напуштени, изјави Рафи Хотак, поранешен преведувач, кој живее во Велика Британија и ѝ бил пријател на жртвата.

„За жал, не успеавме да ги евакуираме сите во ограниченото време што го имавме на располагање“, изјави Министерството за одбрана на Велика Британија за Тајмс. „Ќе продолжиме да работиме со меѓународните партнери за да овозможиме безбеден премин од Авганистан“.

„Н“ е една од многуте жртви што талибанците ги убија откако ја презедоа авганистанската влада на 15 август.

Според извештај на Би-би-си објавен во вторникот, бунтовничката група убила најмалку 20 цивили во долината Панџшир во земјата, во која имало борби меѓу талибанците и опозициските сили. Една од жртвите беше продавач што бил уапсен и обвинет дека им помагал на членовите на отпорот продавајќи им сим-картички.

Телото на продавачот било исфрлено во близина на неговиот дом неколку дена по апсењето. На неговото тело имало знаци на тортура, рекле сведоци.

Во почетокот на септември талибанците наводно ја претепале и застрелале Негар Масуми, полицајка што била во осми месец бременост, пред нејзиното семејство во нивниот дом во провинцијата Гор. Талибанците негираат каква било вмешаност во инцидентот, наведувајќи дека сѐ уште го истражуваат убиството на Масуми.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе