Авганистанците бомбардираа исламско училиште, 59 мртви, главно деца

Најмалку стотина луѓе, меѓу кои има многу деца, загинаа или се повредени во понеделникот во авганистанското бомбардирање на исламско училиште на североистокот на Авганистан, според безбедносни извори.

Еден ден по тој напад на авганистанското воено воздухопловство, два неименувани безбедносни извори кажаа во вторникот дека има „59 мртви, повеќето осумгодишни деца, и 17 талибанци“, и дека „57 лица се повредени“.

Нападот се случи во средината на денот, за време на доделувањето дипломи на крајот на школската година. Подрачјето во кое се наоѓа училиштето главно е под контрола на талибанците.

Портпаролот на Министерството за здравство во Кабул во вторникот наутро потврди дека во „регионалната болница во Кундуза се примени 57 цивили, меѓу кои има и деца и старци, како и петмина мртви“.

Друг безбедносен извор кажа дека талибанците обично своите жртви не ги носат во јавни болници, а таа во Кундуза е неколку десетици километри оддалечена од местото на нападот во округот Дашта Арчи, пренесува Хина.

Портпаролот на војската во Кундуза кажа во понеделникот дека загинале 20 талибанци и дека исто толку се повредени, но не спомена цивилни жртви.

Војската и безбедносните служби ги обвинуваат бунтовниците дека планирале состанок на своето водство во ова верско училиште.

Рециклирањето можеби ни се чини како спас за природата, но најчесто е спасение само за нашата (валкана) совест.

повеќе

Културата на победништво од нашите епски и херојски денови тотално ги уназади овие општества во 20 век, вели Миљенко Јерговиќ во интервју за Бука.

повеќе

Запрашајте се, о, вие, бездарници анационални што направивте!

повеќе