Авганистанци се качуваат на авион во движење во обид да побегнат од талибанците (ВИДЕО)

Најмалку пет лица загинаа на аеродромот во Кабул, додека стотици луѓе се обидуваа со сила да се качат на летовите за евакуација, изјавија сведоци.

Очајните Авганистанци беа снимени како се качуваат на авион на американските воздухопловни сили, додека толпи луѓе се обидуваат да побегнат од талибанците.

На некои видеа снимени на аеродромот може да се слушнат постојани истрели, додека други прикажуваат толпи луѓе што ги стискаат рампите, очајни да добијат место во преполните авиони.

Во понеделникот се појави и снимка на која се гледа како најмалку двајца луѓе паѓаат од крилото на авион што полетал.

Мештаните што живеат во близина на аеродромот во Кабул тврдат дека виделе тројца мажи како се држат за тркалата на авионот и подоцна паѓаат од нив.

Талибанците во неделата влегоа во главниот град на Авганистан, а претседателот Ашраф Гани побегна во Обединетите Арапски Емирати.

Постоењето на еден отпорен, одржлив и правичен систем на храна е нешто што мора да биде столб на секоја агенда која има за цел за климатско ублажување или адаптација.

повеќе

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе