Авганистан во последен момент се откажа од обраќањето во ОН

Амбасадорот на Авганистан во ОН е повлечен од листата на земји чии претставници се обраќаат на заседанието на Генералното собрание на светската организација, соопштија ОН, додавајќи дека обраќањето на Авганистан било планирано за вчера.

Фото: ЕПА

„Таа земја го повлече своето учество во генералната дебата“, изјави за АФП портпаролката на претседателот на Генералното собрание на ОН, Моника Грејли, додавајќи дека не е наведена причина.

Амбасадорот Гулам Исакзаи, член на кабинетот на соборениот авганистански претседател Ашраф Гани, вчера требаше да одржи говор, но авганистанската мисија во ОН го повлече неговото име од листата на говорници.

Талибанците, кои се на власт во Авганистан од август, побараа пред Генералното собрание на ОН да му се обрати новиот министер за надворешни работи што тие го назначија.

Меѓутоа, нивното барање, упатено пред една недела, дојде предоцна за да биде разгледано, изјави неименуван претставник на ОН.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе