Атентатот на Кенеди: што барал Ли Харви Освалд во СССР? (ВИДЕО)

Во пресрет на долгоочекуваното објавување на доверливите документи за атентатот на Џон Ф. Кенеди, Раша тудеј следи едно значајно поглавје во животот на убиецот на претседателот - патувањето на Ли Харви Освалд во Советскиот Сојуз.

Новинарот на РТ посетил некои места од кои се состоела невообичаената посета на Освалд во Советскиот Сојуз, во неуспешен обид да добие државјанство. Тој дошол во Москва во 1959 година, само четири години пред да го убие 35-от претседател на САД, Џон Ф. Кенеди.

Откако дошол во СССР, Освалд пробал да го убеди КГБ да му даде советско државјанство, но бил одбиен. Баш пред да му истече туристичката виза, тој се обидел да изврши самоубиство, со што го одложил своето заминување од Советскиот Сојуз. Подоцна добил дозвола за привремен престој и бил испратен да работи во Советската Република Белорусија, каде што ја запознал својата идна сопруга. Разочаран од СССР, тој заминал со своето семејство само една година пред да го повлече чкрапецот кон претседателот.

Објавено

Петок, Октомври 27, 2017 - 09:08

И ако граѓаните или Владата очекуваа дека Јункер на Заев ќе му даде покана со датум за влез на Македонија во ЕУ, тогаш живееме во илузии.

повеќе

Опкружени со балкански хипернационалности, Македонците мора да се борат со тезите дека се „измислен народ“. Всушност, сите идентитети, меѓу кои и грчкиот, се изградени наративи со темели во историјата и во митот. На Македонците им треба име што го потврдува нивниот вистински идентитет независен од Бугарите, Србите или Словените воопшто.

повеќе

Некои политички партии вртат големи суми пари од нивното јавно и приватно финансирање.

повеќе