Атентат во Косовска Митровица: убиен српски политичар, Вучиќ го свика Советот за безбедност (ФОТО)

Лидерот на граѓанската иницијатива СДП, Оливер Ивановиќ, им подлегна на повредите откако беше застрелан во Косовска Митровица. Напаѓачите најверојатно користеле огнено оружје со придушувач, објавија српските медиуми.

Непознати напаѓачи утрово истрелале три куршуми кон него додека влегувал во просториите на здружението.

Како што неофицијално се дознава, напаѓачите најверојатно користеле огнено оружје со придушувач.

Српските медиуми известуваат дека делот од градот во кој се случил нападот е блокиран од големи полициски сили.

Адвокатот Небојша Влајиќ потврди за Танјуг дека лидерот на Граѓанската иницијатива „Слобода, демократија, правда“, Оливер Ивановиќ, им подлегнал на повредите откако бил застрелан утрово во Косовска Митровица.

Како што додаде, Ивановиќ имал повеќе рани во горниот дел од телото, а лекарите се обиделе да го реанимираат, што не успеало.

„Се остварија нашите најлоши стравови, лекарите во 9:30 објавија дека Оливер Ивановиќ починал. Се обиделе да го реанимираат, но ништо не успеало. Тој има повеќе прострелни рани во горниот дел од телото и, за жал, не можел да се избори со тоа“, изјави Влајиќ за Танјуг.

Влајиќ нема информации за тоа како се случил трагичниот настан.

„Тоа се случило пред влезот во неговата канцеларија кога тргнал на работа“, рече Влајиќ.

Ивановиќ е бивш државен секретар за Косово и Метохија во бившото Министерство за Косово и Метохија. Беше член на помала српска партија, Социјалдемократската партија, политички и хуманитарен лидер на косовските Срби главно од северот, односно од Косовска Митровица. Му се судеше за воени злосторства, бидејќи во 1999 година наводно дал наредба за убиство на Албанци во Митровица.

Српската делегација во Брисел ги прекина преговорите и итно се враќа во Белград поради убиството на Ивановиќ. Поради овој атентат и поради заканите на претседателот на косовското собрание Кадри Весели, српскиот претседател Александар Вучиќ закажа итна седница на Советот за национална безбедност денес во 12 часот.

На денешен ден, 18 февруари 2013 година, Собранието на РМ го избра Талат Џафери за министер за одбрана.

повеќе

Народот е тој што треба да кажува дали политичарите се умни, знаат, ќе одлучи или пак ќе бара нивна смена.

повеќе

„Бејоеремите" веќе многу долги години имале и имаат јазик којшто (Слушни! Слушни добро!) сите, освен нас, го нарекуваат „македонски".

повеќе