„Тој човек ѝ впери пиштол во главата и го повлече чкрапалото. Кристина е жива бидејќи од некоја причина, која допрва треба да се потврди, пиштолот не пукнал“, изјави аргентинскиот претседател Алберто Фернандес во телевизиско обраќање, пренесува Ројтерс.
Нападот ја истакна растечката политичка тензија во Аргентина, но и во целиот регион - од Колумбија до Бразил.
BREAKING: Video purportedly shows assassination attempt of Vice President of Argentina Cristina Kirchner; the suspect was taken into custody
— Breaking911 (@Breaking911) September 2, 2022
pic.twitter.com/wwC0dOGwv8
Фернандес додаде дека во пиштолот биле пронајдени пет куршуми.
„Ова е најсериозниот настан низ кој сме поминале откако Аргентина ѝ се врати на демократијата“, рече тој.
На Кристина Фернандес де Киршнер ѝ се суди по обвиненија за корупција, а стотици поддржувачи се собраа пред нејзиниот дом во Буенос Аирес кога се случи нападот.
Видеото што се појави на интернет покажува како маж држи пиштол неколку сантиметри од нејзината глава додека таа ги поздравува поддржувачите.
Напаѓачот, идентификуван од властите како 35-годишен маж со бразилско потекло, беше брзо уапсен од полицијата.