Астронаутка ќе гласа на изборите во САД од вселената: Кога можеме ние од таму, можете и вие од Земјата (ВИДЕО)

Астронаутката на американската свемирска агенција НАСА, Кејт Рубинс рече дека на претстојните избори во САД ќе гласа од вселената, на повеќе од 300 километри над Земјата.

Screenshot

Рубинс моментално се наоѓа во Русија, каде со двајца космонаути се подготвува за лансирање кон Меѓународната вселенска станица во орбитата на Земјата во средината на октомври, каде ќе останат шест месеци.

„Мислам дека е многу важно секој да гласа. Ако можеме ние да го сториме тоа од вселената, верувам дека луѓето можат да го направат тоа и од Земјата“, изјави Рубинс за Асошиејтед Прес.

Повеќето американски астронаути живеат во Хјустон, Тексас, која на своите граѓани им овозможува да гласаат од вселената преку безбедно електронско гласање.

„Од клучна важност е да учествуваме во нашата демократија. Чест ни е што можеме да гласаме од вселената“, рече Рубинс.

Астронаути на НАСА и претходно гласале од вселената.

Легенда под Главна слика

Screenshot

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе