Од вселенскиот центар Кенеди

Астронаутите тргнаа кон Меѓународната вселенска станица (ВИДЕО)

Капсулата Кру драгон ендевор со екипаж и ракетата Фалкон 9 беа лансирани денес од Вселенскиот центар Кенеди на НАСА на Флорида кон Меѓународната вселенска станица (ИСС) на која четворицата астронаути ќе минат шест месеци.

EPA-EFE

Ракетата со капсулата за човечки екипаж ја изгради приватната компанија Спејсекс на Илон Маск.

Со ракетата на Спејсекс кон ИСС полетаа Шејн Кимбро и Меган Мекартур од НАСА, Французинот Томас Песке од Европската вселенска агенција (ЕСА) и Акихидо Хошиде од Јапонската аеронаутичка и вселенска истражувачка агенција (Јакса).

Тие ќе ги заменат четворицата астронаути на Кру 1 мисијата кои се враќаат на Земјата.

Ова е прво лансирање на НАСА преку комерцијалната програма во која се двајца партнерски меѓународни астронаути, а ова е и прв случај вселенското летало Кру драгон да се користи по втор пат, откако беше користено во пробните летови.

Ракетата Фалкон 9 исто така се користи по втор пат, откако беше користена во мисијата Кру 1, односно ова е првпат екипаж да лета со „рециклирани“ ракета и капсула.

Спејсекс, компанијата на Илон Маск, стана омилен превозник на НАСА бидејќи Боинг доцни со тестирањето на својата вселенска капсула Старлајнер.

Првиот лет со екипаж на Спејсекс во мај 2020 ја прекина деветгодишната американска зависност од руските ракети Сојуз за транспорт до ИСС.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе