Астронаутите на НАСА во капсулата на Спејсекс пристигнаа на Меѓународната вселенска станица (ВИДЕО)

Компанијата Спејсекс испрати завчера четворица астронаути на НАСА на лет до Меѓународната вселенска станица (ИСС), а тие таму пристигнаа утринава.

EPA-EFE

Капсулата на Спејсекс Драгон кру со тројца Американци и еден Јапонец, пристигна на ИСС 27 часа откако беше лансирана од центарот на НАСА Кејп Канаверал на Флорида.

При спојувањето, капсулата Драгон кру и ИСС патувале отприлика со иста брзина од околу 27.350 км/ч.

Вселенската станица, орбиталната лабораторија која се наоѓа 400 километри над Земјата ќе биде нивен дом следните шест месеци.

Шефицата за човечки патувања во вселената на НАСА Кети Лодерс истакна дека е горда на астронаутите.

Во екипажот се командантот на Драгон кру Мајк Хопкинс и двајца астронаути на НАСА – пилотот на мисијата Виктор Гловер и физичарката Шенон Вокер. Ним им се придружи јапонскиот астронаут Соичи Ногучи, на кого ова му е трето патување во вселената откако претходно леташе со американскиот шатл во 2005 година и на рускиот Сојуз во 2009 година.

Една американска астронаутка и двајца руски космонаути се наоѓаат на вселенската станица од претходната мисија.

„Добредојдовте на ИСС. Едвај чекавме да пристигнете“, кажа Американската Кејт Рубинс.

Пред да добие сертификат за летање од НАСА, Драгон кру се развиваше отприлика десет години како дел од јавно-приватното партнерство со НАСА кое почна во 2011.

Лансирањето во неделата беше прва оперативна мисија за Спејсекс за НАСА во рамки на таа програма, откако двајца американски астронаути минатото лето заминаа на тестен лет.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе