Историски настан

Астронаутите на НАСА со ракетата на Спејсекс пристигнаа на Меѓународната вселенска станица (ВИДЕО)

Американските астронаути Даг Харли и Боб Бенкен се вкотвија со вселенското летало на Спејсекс во мисијата на НАСА со Меѓународната вселенска станица (ИСС).

EPA-EFE/NASA

Нивната капсула Кру драгон, производ и сопственост на компанијата Спејсекс на Илон Маск, пристигна на ИСС.

Астронаутите ќе мора да причекаат да се завршат проверките за истекување и притисокот пред да можат да се истоварат и да му се придружат на руско-американскиот екипаж кој веќе е на ИСС. Патувањето траеше околу 19 часа.

Ова е историски успех на компанијата на Маск која вчера од Флорида ги лансираше двајцата астронаути во вселената, што е прво полетување на Американци од американско тло по девет години. Ова е првпат астронаути во вселената да ги оснесе комерцијално вселенско летало, во сопственост на приватна компанија која управува со него.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/NASA

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе