Најтажната фотографија

Астронаут од вселената го сликал нападот врз Газа (ФОТО)

Германски астронаут успеал да ја фотографира воената зона во Газа од вселената, поточно од Меѓународната вселенска станица. Тој ја нарекол негова „најтажна фотографија досега“. 

Александар Герст, германски инженер за летови, геофизичар и вулканолог, ја раширил веста со краток твит вчера, додека Меѓународната вселенска станица ги прелетувала Израел и окупираната палестинска територија. Фотографијата на Интернет се раширила со молскавична брзина.

На неа може јасно да се видат местата на кои жолтеникавиот сјај од експлозиите е поистакнат отколку на другите места.

„Од Меѓународната вселенска станица ние всушност можеме да ги видиме експлозиите и ракетите што летаат над Газа и Израел“, напишал тој доцна синоќа на својата фејсбук фан-страница. 

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе