Астразенека тврди дека нивната бустер доза го зголемува нивото на антитела против омикрон

Британско-шведската фармацевтска компанија Астразенека соопшти денес дека прелиминарните податоци од истражувањата спроведено на нејзината вакцина против ковид-19 покажуваат дека, кога се дава како трета доза, произведува повеќе антитела против омикрон сојот и другите варијанти, вклучувајќи ги бета, делта, алфа и гама.

EPA-EFE

Засилен одговор во смисла на производство на антитела е забележан кај луѓето кои претходно биле вакцинирани со вакцината или некоја мРНА вакцина, соопшти произведувачот на лекови, додавајќи дека овие податоци ќе им ги достави на регулаторите низ светот имајќи ја предвид итната потреба за бустери, пренесува Ројтерс.

Компанијата Астразенека ја разви вакцината со истражувачи на Универзитетот Оксфорд, а минатомесечните лабораториски студии покажале дека вакцината Ваксзеврија, која се состои од три дози, е ефикасна против новата варијанта која брзо се шири.

„Овие важни студии покажуваат дека трета доза на Ваксзеврија, по две почетни дози од истата вакцина, или по мРНА вакцина или инактивна вакцина, силно го крева имунитетот против ковид-19“, изјави шефот на Оксфордската група за вакцини Ендрју Полард.

Друго големо британско истражување во декември покажало дека инјекцијата на Астразенека го зголемува нивото на антитела кога се дава како бустер доза по почетната вакцинација со вакцината на Астразенека или на Фајзер, која е заснована на мРНА технологија.

Студијата заклучила дека мРНА вакцините кои ги направиле Фајзер и Модерна дале најголем поттик на антитела кога биле дадени како дополнителна доза.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе