Астра Зенека во кавга со Европската унија, не одат на состанок со европските лидери

Фармацевтската компанија Астра Зенека нема да учествува на најавениот состанок со лидерите на Европската унија, на кој требало да се разговара за набавка на вакцината, изјави неименуван европски службеник за Би-би-си.

Фото: ЕПА

Европската унија побара од Астра Зенека да го објави договорот за снабдување на Унијата со вакцина против ковид-19 откако главниот извршен директор на компанијата откри доверливи одредби од договорот, изјави во средата европски официјален претставник.

Официјалното лице исто така рече дека претставниците на компанијата го откажале за среда договорениот состанокот со претставници на Унијата.

Во вторникот, во интервју за медиумите, извршниот директор на Астра Зенека, Паскал Сориот, рече дека договорот со Европската унија се заснова на клаузула која наведува дека тие мораат да дадат сè од себе за да ги исполнат своите договорни обврски и дека договорот не ги обврзува за точно одредени временски рокови за испорака на вакцини.

Тој го даде интервјуто откако компанијата објави дека ќе ја намали испораката на вакцини во Европската унија во првиот квартал, а според Европската унија тоа би било намалување за 60 проценти, односно поради проблеми со производството во фабрика во Белгија би биле доставени само 31 милион дози.

Европски официјален претставник во средата рече дека таквата клаузула е стандардна во договорите со производители на производи кои се во развој.

Тој додаде дека ЕУ бара Астра Зенека подетално да објасни зошто одлучила да ги намали испораките на вакцини.

Извршниот директор на Астра Зенека, Паскал Сориот, денес изјави дека договорот потпишан со Европската унија не е обврзувачки и ги повика европските влади, кои се бесни поради доцнењето во испораката на вакцините, да не бидат толку чувствителни.

Сориот во интервју за Ла Република рече дека: „Ние се обврзавме да дадеме сè од себе, но нема гаранција дека ќе успееме“.

Европската унија потпиша договор со Астра Зенека за испорака на 400 милиони дози вакцини, а британско-шведската компанија во меѓувреме објави дека ќе доцни со производството, иако вакцината на ниво на ЕУ сè уште не е одобрена.

Со испораките доцнат исто така и други двајца производители, Фајзер и Модерна.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе