Астра Зенека ќе тестира комбинација од сопствената и руската вакцина

Британската фармацевтска компанија Астра Зенека објави дека ќе тестира комбинација на сопствената и руската вакцина Спутник V, што според руските научници може значително да ја зголеми ефикасноста на вакцината на Астра Зенека.

Фото: ЕПА

Русите минатиот месец преку Твитер предложија дека Астра Зенека треба да ја проба таа комбинација.

„Спутник V е среќен што еден од своите два вектори може да ги сподели со Астра Зенека за да се зголеми ефикасноста на нејзината вакцина. Комбинацијата на двата различни вектори од двете вакцини ќе резултира со поголема ефикасност отколку со само еден вектор“, објавија руските експерти на 23 ноември.

Астра Зенека во петокот објави дека разгледува како да пристапи кон комбинацијата и дека наскоро ќе започне тестирање во соработка со рускиот институт Гамалеја, што го разви Спутник V.

„Можноста да се комбинираат различни вакцини против ковид-19 може да биде корисно за да се подобри заштитата и/или за подобрување на пристапот до вакцините. Затоа е важно да се истражат различни комбинации на вакцини за програмите за имунизација да бидат пофлексибилни, што им овозможува на лекарите поголем избор за време на администрацијата на вакцините“, се вели во денешното соопштение на Астра Зенека.

„Исто така е веројатно дека комбинирањето на вакцините може да доведе до подобрување на имунитетот за подолг временски период“, се додава во соопштението.

Студијата објавена оваа недела покажува дека вакцината на Астра Зенека, изработена во соработка со Оксфорд Универзитетот, е ефикасна 70,4 проценти. Русија објави дека ефикасноста на Спутник V е 92 проценти.

„Тоа ја покажува силата на Спутник V и нашата подготвеност и желба да соработуваме со други партнери во борбата против ковид-19“, рече Кирил Дмитриев, шеф на рускиот фонд РДИФ, кој го финансираше развојот на Спутник V.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Да бидеме реални: регионот на многу начини сè уште е претежно (погрешно) разбран и (погрешно) третиран и меѓународно се нарекува „бурето барут на Европа“.

повеќе

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе