Аспиринот ќе се тестира како можен лек против ковид-19

Аспирин, широко распространет лек кој се користи и како средство за спречување тромбоза, ќе се тестира како можен лек против ковид-19 во едно од најголемите испитувања во Велика Британија.

Фото: ЕПА

Пациентите заразени со новиот коронавирус имаат зголемен ризик од згрутчување на крвта поради хиперреактивните тромбоцити, крвните плочки важни за запирање на крвавењето.

Аспиринот е антитромботичен агенс кој може да го намали ризикот од згрутчување на крвта, објавено е во петокот од Рекавари трајл.

„Постојат јасни причини за поддршка на тезата дека аспиринот може да биде корисен, а покрај тоа е безбеден, евтин и широко достапен“, вели Питер Хорби, еден од лидерите на студијата.

Најмалку 2.000 случајно избрани пациенти треба да примаат 150 мг аспирин дневно со вообичаениот режим.

Податоците за опоравување на овие пациенти ќе се споредат со податоците на најмалку 2.000 други пациенти кои ќе примат друга стандардна терапија за ковид-19.

Другите терапии што се тестираат го вклучуваат вообичаениот антибиотик азитромицин и коктел на антитела на компанијата Регенерон што се користи за лекување на симптоми на ковид-19 какви што имаше американскиот претседател Доналд Трамп.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе